Прогноза на руски епидемиолог: Пандемијата завршува кон крајот на април, почетокот на мај

од Nikola Popovski

Ширењето на коронавирусот во Русија треба да престане најдоцна до крајот на април или на почетокот на мај, изјави главниот епидемиолог на Русија, Николај Брико.

Според него, оваа инфекција работи на истите принципи како и другите респираторни вирусни инфекции.

„Основниот принцип на пренесување на инфекцијата е преку капки од личност до личност, а самиот пренос е драстично намален кога ќе се дојде топлиот период од годината“, истакна тој.

Претходно, претставничката на Светската здравствена организација, Мелита Војнович, ги повика граѓаните од сите држави да ги почитуваат сите пропишани мерки и да не шират паника околу пандемијата на коронавирус.

Таа изјави дека има далеку поопасни болести од коронавирусот и дека само со следење на правилата може да се победи сегашната пандемија.

Повеќе од 465,000 луѓе во моментот се болни во светот, додека над 21.000 починале.

Во Русија се регистрирани вкупно 1.036 случаи, од кои 703 само во Москва.

Слични содржини