Произведен 150.000-ти Ford Mustang Mach-E

од Vladimir Zorba

Ford ја направи 150.000-та копија на електричниот Mustang Mach-E, чие производство започна во 2020 година.

Од октомври 2021 година, овој електричен кросовер ќе се произведува и во фабриката на Ford во Чонгкинг, Кина.

Во 2023 година, ќе биде достапен за клиентите во вкупно 37 земји низ светот, за разлика од 22 кога возилото за првпат беше пуштено во продажба пред две години.

Некои од новите пазари за Mustang Mach-E се Нов Зеланд, Бразил и Аргентина, како дел од пошироката стратегија на Ford да достигне годишно производство на електрични возила од 600.000 единици до крајот на 2023 година.

До 2026 година, американскиот производител сака да произведува повеќе од 2 милиони електрични возила секоја година.

Слични содржини