Произведени 12.773 MWh, а набавени 3.940 MWh електрична енергија

од Vladimir Zorba

АД ЕСМ на 02.12.2022 година произведе 12.773 MWh електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.

Во Термоелектраните произведени се 7.690 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 5.083 MWh.

Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 3.940 MWh електрична енергија. Тоа е електрична енергија наменета за болници, градинки, училишта, јавни претпријатија, капацитети од прехранбената индустрија и објекти од виталната инфраструктура во државата.

* Податоците се преземени од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 02.12.2022 година

Слични содржини