Производи кои не смеете да ги внесете во ОАЕ, ризикувате затворска казна

од desk2

Обединетите Арапски Емирати се познати по нивните строги закони за поседување дрога од каков било вид. Ако планирате да патувате таму, треба да бидете внимателни.

Ако не носите дрога или лекови со вас, тоа не значи дека не носите производ што содржи недозволена супстанца.

Некои козметички производи и е-цигари содржат канабидиол (CBD), супстанца што се содржи во растението марихуана и е строго забранета во ОАЕ.

Маслото со канабидиол (CBD) во кое не се состои психотропната состојка THC, стана многу популарна компонента на разни козметички производи поради неговото противвоспалително дејство.

Производи што може да содржат канабидиол (CBD) се сапуни, млека и лосиони за тело, креми за лице, моливчиња за очи и кармини – и сите овие легално се продаваат во земјите низ Европа.

Но, и најмала количина на канабидиол (CBD) во вашиот багаж може да ве чини најмалку четири години затворска казна во ОАЕ, затоа внимателно прочитајте го составот на вашата козметика или е-цигари пред да тргнете на патување во ОАЕ.

Слични содржини