Производите со несогорлив тутун можат да бидат едно од решенијата за денталните проблеми предизвикани од пушењето

од Vladimir Zorba

Чадот од цигарите е одговорен за многу болести и промени на забите и усната празнина, од оние кои се од естетска природа, до многу посериозни, како парадонтот и секако малигни заболувања. Многу научни студии кои се правени за влијанието на чадот врз оралното здравје и споредбено со тоа на влијанието на аеросолот од алтернативните тутунски производи со несогорлив тутун, недвосмислено укажуваат на потребата возрасните пушачи кои немаат желба и не сакаат да престанат да пушат, доколку сакаат да ги намалат негативните ефекти врз своето орално здравје, да преминат на алтернативните производи.

Во едукацијата врзано за ова, секако посебна улога треба да имаат стоматолозите со оглед дека секојдневно се среќаваат со голем број пациенти од кои огромен број се со дентални проблеми како последица на пушењето. Ова беше заклучокот од меѓународниот онлајн Симпозиум за орално здравје на тема „Употребата на производите со несогорлив тутун – ризик или бенефит за оралното здравје“ кој во организација на Друштвото на доктори на дентална медицина на Македонија се одржа изминатиов викенд, а на кој предавачи беа еминентни експерти од повеќе области. Настанот беше во ко-организација на ФМТКП ДОО Скопје.

Според проф. д-р Кристина Митиќ, специјалист за болести на устата и парадонтот од Стоматолошкиот факултет при УКИМ, лабораториските анализи на аеросолот кај производите со несогорлив тутун, компарирани со чадот од цигарите покажуваат дека аеросолот е фундаментално различен од чадот од цигарите.

„Емисиите на токсични материи како формалдехид, ацеталдехид, акриламид, етилен оксид, пропилен оксид во аеросол ослободен од несогорливиот тутун се намалени за 80%-96% во однос на чадот кај класичните цигари, испарливите и полуиспарливите компоненти како бутадиен, бензопирен, дибенз, бензен пирен, хидроген цијанид, изопропен бензен се намалени за 97%-99%, а кај металите има намалување од 50%“, истакна Митиќ која зборуваше за научните информации поврзани со алтернативните тутунски производи.

Таа потенцира дека производите со несогорлив тутун можат да бидат алтернатива за оние кои сакаат да продолжат да пушат бидејќи истите имаат помало негативно влијание на оралното здравје.

За улогата на стоматолозите зборуваше и Ивана Ескиќ, специјалист орален хирург од Белград и консултант на Филип Морис Интернационал, која рече дека штетното влијание од пушењето по оралното здравје досега беше табу тема на многу стручни стоматолошки конгреси иако е добро позната поврзаноста на болестите на забите и усната празнина токму со пушењето. Зашто, на токсините и канцерогените кои ги има во чадот од цигарите прва на удар е усната празнина.

„Промените на забите и усната празнина можат да бидат од естетска природа како познатата пушачка пигментација и промена на бојата на забите, потоа повлекување на гингивата и обложен или црн јазик. Цигарите влијаат и на промени кои го редуцираат квалитетот на животот, како лош здив, сува уста, намалено чувство за вкус и мирис, пародонтопатија, афти, абразија на забите. Но и на бенигни реверзибилни промени и секако најопасните малигни промени, каде најчест е оралниот канцер. Штетните и потенцијално штетните материи од тутунскиот чад влијаат негативно и на имунолошкиот систем, а со тоа и на зарастување на раните, па и затоа пушачите имаат лоша прогноза за успешна имплантолошка терапија“, потенцираше Ескиќ.

За лабораториските испитувања на влијанието на чадот од цигарите и на аеросолот од производите со несогорлив тутун врз оралното здравје зборуваше д-р Емилија Вељковиќ, менаџер за научни и медицински прашања во Филип Морис Интернационал. Овие испитувања, како што рече таа, недвосмислено покажаа дека состојките во чадот се одговорни за: промена на бојата на забите, зголемено натрупување на плак и забен камен на забите, промена на сјајот и за промена на грубоста на површината на забите.

„Пушењето предизвикува зависност и предизвикува голем број сериозни болести. Бездимните производи на ПМИ се дизајнирани за значително да се намали или елиминира формирањето на токсични соединенија“, рече Вељковиќ.

На симпозиумот свое излагање имаше и проф. д-р Златко Арсов од Факултетот за земјоделски науки и храна кој рече дека економското значење на тутунот за земјата укажува на тоа дека на регулативата за тутунот мора да се гледа од системски аспект и да се препознаваат како економскo-социјалните, така и здравствените предизвици.

Слични содржини