Производството на автомобили намалено во Германија поради проблеми со испораката на делови

од Vladimir Zorba

Германските производители на автомобили се соочуваат со проблеми во испораката на делови, поради што годинава ќе произведат околу 700.000 автомобили помалку од планираното на почетокот на годината.

Стручниот магазин „Automobilvohe“, повикувајќи се на податоците на компанијата „IHS Markit“, истакнува дека особено бил погоден производителот „VW“, кој годинава ќе произведе половина милион возила помалку.

Експертите не очекуваат наскоро закрепнување во автомобилската индустрија.

Слични содржини