Актуелно
Почетна / TOP NEWS / Производството во Италија намелено за третина: Повеќе од 420,000 луѓе остануваат без работа

Производството во Италија намелено за третина: Повеќе од 420,000 луѓе остануваат без работа

Италија, каде производствената активност е намалена за 34 проценти, како резултат на пандемијата на вирусот „КОВИД-19“, се соочува со невидена криза, при што се проценува дека повеќе од 420.000 луѓе ги загубија своите работни места во 2020 година.

Италијанскиот државен институт за статистика (Истат) проценува дека финансиската состојба поради пандемијата ќе биде потешка отколку за време на светската економска криза во 2008 година. Потрошувачката ќе падне за 9,9 проценти ако блокадата поради пандемијата остане до јуни, рече Истат, додавајќи дека како резултат на пандемијата на вирусот „КОВИД-19“, Италија ги намали производните активности за 34 проценти.

„Невидената“ криза проценува дека 420.000 вработени во Италија годинава ќе ги загубат своите работни места, од кои половина се туристички работници, соопшти Сојузот на стопански комори (Унионкамере).

Туризмот, сериозно засегнат од пандемијата на вирусот е многу значајна индустрија во Италија, со 13 отсто од БДП на таа земја и 14,9% од вкупниот број на работни места.

Во Италија, една од земјите што се најтешко погодени од пандемијата, најстрогите општи карантински мерки со зголемена контрола на граѓаните ќе бидат во функција барем до 13 април, а како што е најавено, може да бидат продолжени до почетокот на мај.

loading...