Пролетен појадок полн со протеини и сезонски зеленчук

од Stefanija Kuzmanovska
332 прегледи

Првиот оброк во денот е најважен, а ако е вкусен и здрав ни дава енергија за остатокот од денот.

Пролетта носи нови можности кога е исхраната во прашање, а нутриционистите препорачуваат да ги искористиме нејзините подароци и да вклучиме што повеќе јадења од зеленчук во дневното мени за сите три оброци.

Состојки:

3 јајца
50 грама спанаќ
еден домат
малку сол и бибер
5 парчиња печурки
50 грама кашкавал
масло за готвење

Подготовка:

Изматете ги јајцата, додадете сол и бибер по вкус. Спанаќот, печурките и доматите исечкајте ги ситно на помали кришки, па додајте ги во јајцата.

Загрејте го маслото и истурете ги јајцата и зеленчукот во тавата. Пржете неколку минути, па внимателно свртете, па пропржете ја и другата страна. Изрендајте го кашкавалот, посипете го по омлетот додека е во тавата, намалете ја температурата на ринглата и почекајте да се растопи кашкавалот.

Послужете со јогурт или кисело млеко.

Слични содржини