Пролетна нега на кожата по ладната зима

од Elena Daskalova

По ладните зимски денови и дебелата облека, со пролетта доаѓа и време кога треба да почнете да се грижите за кожата соодветно на годишното време.

Следејќи ги следниве чекори, ќе успеете да ја подготвите кожата за идните топли и убави денови:

Пилинг

Важата кожа беше заробена во тешка облека и сигурно ѝ било тешко да дише. Еднаш неделно практикувајте пилинг и плакнење со топла вода, за да ги отстраните мртвите клетки. Ако сте љубител на домашните пилинзи, направете го со кафе и шеќер и маслиново масло.

Хидратација

Хидратацијата е важна во секој дел од годината, само треба да биде прилагодена на временските услови. Најдобри масла за хидратација се кокосовото и маслото од јојоба. Можете да користите и соодветни млека или лосиони за тело.

Лимфна дренажа

За да ја стимулирате работата на лимфниот систем, потребно е на една до две недели да триете со четка за капење, со кружни движења, од колената нагоре кон бутовите. Веднаш по туширањето нанесете масло за нега и хидратација.

Слични содржини