Пролетно смути, вистинска витаминска бомба за имунитетот

од Elena Daskalova

Во текот на зимата е сосема нормално и очекувано да не можеме да ѝ одолееме на вкусната и калорична храна, а има и доста помалку свежи намирници достапни на пазарот.

Но, со самото доаѓање на пролетта ситуацијата е веќе многу поинаква, бидејќи се појавуваат сезонските овошја и зеленчуци, кои секако, се многу корисни за вас. Во овој период, помогнете си себе и со вкусна и здрава храна.

Ова витаминско смути се подготвува на следниов начин:

Потребни состојки:

120 гр млад спанаќ
250 мл незасладено бадемово млеко
300 гр киви, манго и ананас (свежи, не конзервирани)
Малку рендан ѓумбир
Сок од половина лимон

Подготовка:

Сите состојки изблендирајте ги. Можете да го разладите готовото смути во фрижидер или да додадете парчиња свежо овошје за да го збогатите вкусот. Кивито содржи голема количина витамин Ц, а антиоксидансите од состојките ќе ви помогнат да го подобрите имунитетот во следниот период.

Слични содржини