Промашена „бомба“: Заев вели „мрш“, во видеото напишале „важи“ (АУДИО)

од Vladimir Zorba

На „Јутуб“ се појави нова снимка со назив „Заев зема рекет од 6 милиони евра!“.

Во моментот кога се споменуваат пари, лидерот на СДСМ вели „мрш“ а во видеото е пишано „важи, јас влегувам во оваа работа“, што остава впечаток дека по грешка е заборавено да се отстрани делот со „мрш“ со цел да се прикаже дека Заев земал рекет.

„Во еден период се појави овој Васко, на Димишкова брат и. Совети ми даде, што да
правам, бара пари. Значи и он ќе рече 6 милиони евра, 6 милиони евра. Викам марш, јас влегувам во оваа работа“, се слуша Заев во краткиот монтиран исечок од 12 секунди.

Од снимката може да се слушнат неколку нагли прекини со говорење и нелогично продолжување на речениците.

Слични содржини