Промената на дисплејот на Galaxy S10 нема да биде евтино

од Vlatko K

Samsung ги објави цените за замена на дисплеите на новиот предводник Galaxy S10.

Цитираните бројки се за Тајван, но и за другите пазари ќе бидат слични.

Целосно менување на скршен или оштетен панел нема да биде евтино за потрошувачите.
Кај најскапиот Galaxy S10 +, цената е 230 долари, кај S10 замената чини 209 долари, а за
најевтиниот S10e ќе биде 173 долари.

Секако во случајот треба да се има предвид дека станува збор за цени за поправки доколку немате
гаранција, а главната причина за повисоките цени во однос на минатогодишните модели и Galaxy
Note9 е во употребата на поскапи панели со Dynamic AMOLED технологија.

Слични содржини