Промената на дисплејот на Galaxy S10 нема да биде евтино

од Vladimir Zorba

Samsung ги објави цените за замена на дисплеите на новиот предводник Galaxy S10.

Цитираните бројки се за Тајван, но и за другите пазари ќе бидат слични.

Целосно менување на скршен или оштетен панел нема да биде евтино за потрошувачите.

Кај најскапиот Galaxy S10 +, цената е 230 долари, кај S10 замената чини 209 долари, а за најевтиниот S10e ќе биде 173 долари.

Секако во случајот треба да се има предвид дека станува збор за цени за поправки доколку немате гаранција, а главната причина за повисоките цени во однос на минатогодишните модели и Galaxy Note9 е во употребата на поскапи панели со Dynamic AMOLED технологија.

Слични содржини