Почетна / Актуелно / Промоција на Kom Pay услугата на Комерцијална во Cineplex

Промоција на Kom Pay услугата на Комерцијална во Cineplex

 

Промоција на Kom Pay услугата на Комерцијална банка ќе се одржи вечерва во Cineplexx, во трговскиот центар „Сити мол“, каде од 18 до 20.30 часот граѓаните ќе имаат можност да ја инсталираат апликацијата KomPay за бесконтактно плаќање со мобилен телефон.

За првите 15 кои ќе инсталираат апликација следуваат подароци, а од Комерцијална банка информираа и дека промотивниот период за инсталација ќе биде продолжен со цел да се соберат повеќе пари за младинските домови.

Имено, Банката, која е општествено одговорна, одлучи од секоја трансакција направена со бесконтактно плаќање да донира по еден денар за “Сакам да знам“, младинските домови.

Младинските центри „Сакам да знам“ со кои раководи ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување во партнерство со Здравствениот дом – Скопје се првите и единствени центри во Скопје кои нудат бесплатни и доверливи здравствени услуги и советување за младите и за социјално маргинализираните лица.

Од отворањето во 2006 година до денес, двата младински центри „Сакам да знам“ имаат понудено повеќе од 88.000 услуги на над 27.000 клиенти. Од нив, околу 70% се млади до 30 години кои доаѓаат од социјално исклучени или ранливи групи, а околу 20% се студенти и средношколци.