Промоција на поетската книга „Крстна коска“ од Наташа Сарџоска

од Vlatko K

Во фоајето на кино „Фросина“ вечер од 20 часот ќе биде промовирана поетската книга „Крстна коска“ од Наташа Сарџоска во издание на „ПНВ Публикации“.

Книгата ќе ја претставИ  проф. Димитар Пандев, а стихови ќе чита авторката во придружба на Ема Величковска, балерина и современа танчарка.

Наташа Сарџоска има објавено голем број есеи, книжевни преводи, раскази и неколку стихозбирки. Преведена е на повеќе јазици и објавена во САД, Италија, Аргентина, Србија, Колумбија…

Слични содржини