Промоција на поезијата „Пирот на вештерките“ од Даница Петровска во Куманово

од Vladimir Zorba

 Во кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“ вечер ќе биде промовирана збриката поезија „Пирот на вештерките“од авторката Даница Петровска.

Поетскиот свет на авторката, пишува промоторот Љубиша Петровски е исполнет со сосредоточувања кон појавите и предметите во природата испреплетени со имагинативноста, надприродноста со метафизички и надискуствени емоции.

– Во песните на авторката се забележува и нитката на взаемната поврзаност на готиката, мистиката, прироидното и метафизичкото-натприродното. Провејува и ликот на готската жена која оставена и препуштена на самата себе, која се справува со темнината на она материјалното, овоземското, вели Петровски.

Преку структуратана песните, авторката остава простор читателот  да креира индивидуална, претстава, во зависност од неговата имагинативна можност и умешност.

Промоцијата пред кумановската читателска публика ќе се одржи со почеток во 20 часот.

Слични содржини