Промовирани можностите за развој на брозрастечките бизнис за млади

од desk2

Можностите за финансисрање под инструментите за поддршка на Фондот за иновации и технолошки развој денеска беа презентирани пред стар-ап бизнисите кои ги искористиле средствата од програмата за самовработување на Министерството за труд и социјална политика.


Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска рече дека само меѓуинституционалната соработка може да даде ефекти и во вработувањето на младите лица, но и во градење на претприемачки дух.
– На настанот ги повикавме сите стартувани бизниси во 2017 година преку оперативниот план за вработување. Минатата година сме основале 165 старт-апи во кои се вработени 191 лице и сите тие се поканети, особено оние што имаат иновативна компонента во себе, изјави Царовска.

Посочи дека сите тие бизниси сега ќе можат да аплицираат и да добијат континуирана поддршка од државата со цел, како што рече, не само да ги стартуваме бизнисите, туку и да ги поддржиме во нивното растење.

Директорот на Фондот за иновации, Јован Деспотовски рече дека целта на настанот е да се презентираат можностите за финансирање пред сите старт апи кои имаат потенцијал да станат брзорастечки бизниси.
– Целта е со подобра координација помеѓу Фондот и МТСП да понудиме заокружен пакет за помош на младите. Од моментот кога еден млад човек ќе побара поддршка за едукација и вработување до моментот кога на тој млад човек ќе му понудиме средства да основа бизнис, рече Деспотовски.

Посочи дека разговараат со МТСП сите мерки да се стават во еден систем и младите во Македонија преку еден пристап да добијат можност и да се вработат и да добијат финансиски средства да се развиваат.
– Целосна финансиска поддршка од моментот кога ќе пројави желба да користи средства преку Програмата за самовработување, креирање на фирма поддршка во развој на специфични вештини, добивање на средства и реализација на бизнис план со што на крај ќе добиеме продукт што ќе има потенцијал да расте и да креира дополнителна вредност, рече Деспотовски.

Слични содржини