Пронајден дневник на руски командант: „115 војници тргнаа во напад, тројца преживеаја“

од Stefanija Kuzmanovska

Украинското министерство за одбрана објави информации од дневникот на заробен руски командант. Податоците покажуваат огромни руски загуби во само неколку дена.

Катастрофалните руски загуби што ги претрпе за време на жестоките борби околу Вуледар, град во провинцијата Доњецк, се запишани во дневникот на заробениот руски командант, соопшти украинското министерство за одбрана.

„Први март: 100 војници извршија напад, 16 од нив преживеаја.
Трети март: од 116 војници, 23 преживеаја.
Четврти март: од 103 војници, 15 преживеаја.
Петти март: од 115 војници, преживеаја 3“, пишува во дневникот.

Ова е загуба од 379 војници за само 5 дена.

Тешки и исцрпувачки борби се водат веќе неколку дена околу Бахмут во источна Украина. Руските сили секојдневно освојуваат се повеќе територии, но од министерството за одбрана на Велика Британија велат дека е тешко да се верува дека руските напади ќе поминат без поголеми загуби, пренесува „Експрес“.

Слични содржини