Пронајдена бомба во основно училиште во Србија

од Stefanija Kuzmanovska

Експлозивна направа е пронајдена во основното училиште „Бранислав Нушиќ“ во Смедерево, Србија, дознава „Политика“, по што по наредба на основниот јавен обвинител учениците и вработените биле евакуирани. Екипа на српското МВР набрзо излегла на местото на настанот за да изврши контрадиверзантски увид.

Се уште не е познато за каква бомба се работи, кога и како стигнала во ова училиште. Наводно, според некои тамошни медиуми, се претпоставува дека оваа експлозивна направа била таму од времето кога се одржувале часовите за одбрана и заштита, пред речиси две децении. Неофицијално, училишен работник ја нашол во магацин, поранешен кабинет.

Истрагата е во тек, се очекува пристигнување на тимот за деактивирање експлозивни направи при Одделот за вонредни состојби на МВР на Србија, кој е на пат кон Смедерево.

Бомбата сега стои во канцеларијата каде е пронајдена, додека не дојдат надлежните и не ја одведат.Полицијата го обезбедува училиштето додека не се извади експлозивната направа, изјави за „Политика“ Саша Николиќ, портпарол на Смедерево.

Слични содржини