Пронајдена дрога при претрес во Скопје, приведен дилер

од Stefanija Kuzmanovska

На 09.12.2022 инспектори од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје по добиени оперативни сознанија и обезбедена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршиле претрес во дом и други простории кај А.С. (57) од Скопје.

При претресот пронајдени се околу половина килограм марихуана, две паковки амфетамин, две ваги шприц со масло од канабис и др.

Лицето е лишено од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава, соопштуваат од МВР.

Слични содржини