Пронајдена и одземена марихуана: Уапсени пет лица

од Radmila Tasevska

Вчера во 11.30 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Б.(47) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Исто така на подрачјето на Аеродром во 21.50 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.М.(22) од Гостивар, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Синоќа во 22.10 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(32) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Денес во 00.05 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Исто така денес во 03.50 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Р.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Слични содржини