Пронајдени 350 грама кокаин при претрес во Куманово

од Radmila Tasevska

Полициски службеници од СВР Куманово, синоќа при претрес пронашле и одземале околу 350 грама кокаин.

Синоќа во 19.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Љ.Р.(28) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 350 грама кокаин и две дигитални ваги.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини