Пронајдено починато лице во Богомила

од Nikola Popovski

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес изврши увид на спореден пат во селото Богомила, каде беше пронајдено тело на починато машко лице.

Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатиот 60-годишен маж со цел да се утврдат причините за смртта.

По насоки на јавниот обвинител,  подигнати се траги кои ќе бидат предмет на вештачење, а се преземаат и други дејствија за целосно испитување на настанот, по што ќе биде донесена одлука за натамошниот тек на постапката.​

Слични содржини