Пронајден автомобилот со кое беше прегазено 4 годишно, се трага по возачот

од Берта Китинска

Пронајдено е возилото со кое беше прегазено четиригодишното дете во Струмица вчера во 17:35 часот, а возачот е во бегство, соопшти доцна синоќа портпаролката на СВР-Струмица, Хризантема Рендевска.

-Од страна на полициски службеници возилото е пронајдено и е во кругот на СВР- Струмица. Се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителот, рече Рендевска.

Несреќата се случи на улицата „Никола Тесла” во Струмица, а со тешки телесни повреди се здоби четиригодишно дете-пешак.По укажана лекарска помош во Медицински Центар Струмица заради карактерот на повредите детето е пренесено во Клиничкиот центар во Скопје.Увид на местото на несреќата извршиле увидна екипа од полицијата во присуство на јавен обвинител.

 

 

 

Слични содржини