Пронајден е лек кој спречува ширење на коронавирусот за само 24 часа!

од Берта Китинска

Истражувачи од Државниот универзитет во Џорџија тврдат дека откриле антивирусен лек кој се зема орално и во рок од 24 часа спречува заразени лица да го шират вирусот корона на здрави луѓе.

Лекот за кој станува збор е МК-4482 / ЕИДД-2801, попознат како Молнупиравир, кој целосно го запира евентуалното пренесување на Ковид-19 на други луѓе за еден ден.

Тимот беше предводен од д-р Ричард Племпер, кој исто така откри дека лекот е добар во борбата против сезонските вируси.

– Ова е прва демонстрација на лек кој исклучително брзо го блокира пренесувањето на САРС-КОВ-2. Ова може да биде пресвртна точка – рече Племпер.

Запирање на ширењето на вирусот се додека не се случи масовна вакцинација на планетата би спречила катастрофални последици што веќе ги остави пандемијата.

– Забележавме дека лекот МК-4482 / ЕИДД-2801 донесе цела низа активности против респираторни РНК вируси и дека третманот на заразени животни со давање на лекот преку уста, драматично го намалува пренесувањето – рече Племпер.

Слични содржини