Пронајден овен обраснат со 35 килограми волна (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Болен овен со 35 килограми волна е пронајден во Австралија.

Овенот го добил името Барак, а бил пронајден во шума, пренесува Танјуг.

Активист од организацијата за заштита на животните изјави дека се чини дека Барак некогаш бил во сопственост на некого и дека тој потоа избегал.

Тој посочи дека мерино овците мора да се стрижат најмалку еднаш годишно, бидејќи нивната волна продолжува да расте.

Волната создала големи проблеми на фатениот овен, бидејќи било тешко да се движи и тој едвај можел да гледа.

Овенот е истрижен и останал во засолништето за животни.

Слични содржини