Пронајден пиштол во возило управувано од 16-годишен жител на Рашче

од Stefanija Kuzmanovska

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција вчера во 12:30 часот на улицата „Кузман Шапкарев“ во Скопје сопреле патничко возило „фолксваген пасат“, со скопски таблички управувано од 16–годишен малолетник од селото Рашче.

При извршениот преглед на возилото биле пронајдени и одземени пиштол „Walter“, калибар 7,65мм и една метална рамка со седум куршуми.

Лицето е лишено од слобода и приведено во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини