Пронајдена дрога во Битола, приведени две лица

од Vladimir Zorba

На 24.08.2022 ул.„Климент Охридски“ во Битола, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Битола и полициски службеници од Полициската станица Битола ги лишиле од слобода Г.Б.(33) и И.Ј.(41), двајцата од Битола.

Тие биле затекнати при купопродажба на наркотична дрога и кај нив биле пронајдени и одземени прашкаста материја, предмети со остатоци од прашкаста материја и пари во различни апоени.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини