Пронајдена дрога во Кочани, приведени две лица

од Берта Китинска

Синоќа околу 21.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани ги лишиле од слобода Џ.С.(20) и Е.А.(18), двајцата од Кочани. При претрес кај нив и во домот на Џ.С., извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана, велат од МВР.

 

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини