Пронајдена дрога во угостителски објект на „Широк Сокак“

од Берта Китинска

Синоќа од 23.30 до 02.30 часот направена е контрола од страна на полициски службеници од Полициска станица Битола и Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола, во координација со Управата за јавни приходи и Државен пазарен инспекторат, во два угостителски објекти во Битола и тоа еден лоциран на ул. Широк сокак во Битола и еден лоциран на ул.Партизанска во Битола.

-При контролата, во објектот на улицата „Широк сокак“ пронајдена е марихуана, две пакувања со бела прашкаста материја и три таблетки. Приведено е едно лице за утврдување на идентитет, а лишени од слобода се и осум лица заради неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци. Од Државен пазарен инспекторат констатирани се неправилности односно утврдено е присуство на пет лица без Ковид сертификати и за тоа ќе следат соодветни поднесоци, информираат од СВР-Битола.

Слични содржини