Пронајдена дрога во угостителски објекти, приведени две лица

од Nikola Popovski

Во текот на изминатата вечер (01.10.2022) во периодот од 00.00 до 04.00 часот од страна на Секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, во координација со Управата за јавни приходи спроведена е акциска контрола во повеќе угостителски објекти на територијата на целата држава, како и контроли на лица и патнички возила.

При контролата, пред објект во Гевгелија кај Д.С. од Гевгелија била пронајдена марихуана, додека во угостителски објект во Скопје кај А.З. од Скопје бил пронајден кокаин. Лицата се лишени од слобода поради основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.215 од Кривичниот законик. Санкционирани се и пет лица поради непоседување на документи за лична идентификација.

Слични содржини