Пронајдена марихуана кај двајца малолетници

од Nikola Popovski

Министерството за внатрешни работи информира дека се приведени 4 млади лица, кај кои била пронајдена дрога.

„На 01.07.2021 во 23.50 часот од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција Гостивар на ул.„Карагач“ во Гостивар лишени од слобода се М.Д.(19) од Гостивар, Ј.М.(20) од с.Речане, и двајца малолетници на возраст од 16 и 17 години од Гостивар, кај кои е пронајдена марихуана. Тие се приведени во Полициска станица Гостивар за понатамошна постапка. По документирање на случајот против нив ќе биде изготвен поднесок“, велат од полицијата.

Слични содржини