Пронајдена марихуана кај скопјанец во Струга

од Nikola Popovski

Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа во струшко е приведен жител на Скопје, кај кого била пронајдена дрога.

-На 26.07.2021 во 23.30 часот во авто-камп во с.Радожда, струшко, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода А.А.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициската станица и по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во билтенот на полицијата.

Слични содржини