Пронајдена почината скопјанката по која се трагаше четири дена

од Nikola Popovski

Полицијата денеска потврди дека е почината скопјанката Стојанка Ѓоргиева по која четири дена трагаше нејзиното семејство.

Според МВР, пријавата била добиена во 10 часот утринава.

-Женско лице, пријавено за исчезнато, е пронајдено починато меѓу селата Арачиново и Грушино, во нива покрај патот кој води од с. Арачиново. Телото е предадено на обдукција која треба да покаже како настанала смртта, велат од полицијата.

Од 24-ти јули беше пријавено дека Стојанка се оддалечила од домот.

Слични содржини