Пронајдена почината жена на улица во Велес

од Nikola Popovski

МВР информира дека 77-годишна жена од Велес била пронајдена почината на улица.

„Вчера  во 04.50 минути 28 годишниот  Б.Т. од Велес пријавил дека на улица лежи почината жена. Жената била пронајдена вкочанета како лежи  на  улица „Вера Циривири“ во месноста Потокот на левата страна од Велес“, информирал портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

На телото на починатата немало видливи траги на насилство, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.

Телото било предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.

Слични содржини