Пронајдена црната кутија на рускиот авион кој се урна кај Камчатка

од Stefanija Kuzmanovska

Спасувачките екипи пронајдоа една од „црните кутии“ на авионот Ан-26 кој се урна кај Камчатка, изјави за „РИА Новости“ извор во службите за итни случаи.

Една од црните кутии е пронајдена при претрес на теренот на местото на несреќата. Авионот Ан-26, кој летал од Петропавловск-Камчатски до Палана, се урна во вторникот за време на подготовките за слетување, на околу девет километри од аеродромот во населбата Палана.

Во авионот имало 28 лица – шест члена на екипажот и 22 патници, меѓу кои и едно дете.

Според прелиминарните податоци, нема преживеани.

Слични содржини