Пронајдената машина за мелење месо укажува дека групата на Беливук го користела „рецептот“ на Земунскиот клан?

од Nikola Popovski

Како дел од дополнителните претреси на викендицата во Ритопек, кој наводно го користела криминалната група на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ за ликвидации и други кривични дела, била пронајдена друга скриена просторија, која личи на бункер, соопштиле од Српското обвинителство за организиран криминал, кое ја истражува оваа група, објави Танјуг.

Обвинителството посочува дека теренската истрага за овие околности сè уште трае.

Дел од српските медиуми објавија дека била пронајдена и голема индустриска машина за мелење месо во оваа скриена просторија.

Откривањето на оваа машина укажува на тоа дека групата на Беливук го користела „рецептот“ на Земунскиот клан затоа што членовите на кланот од улицата Шилер користеле иста ваква машина за да ги отстранат своите непријатели.

Според досега официјалните информации, групата на Беливук се сомничи за три убиства.

Сепак, се испитува дали има докази што ги поврзуваат со уште неразјаснети случаи на исчезнување на мажи во последните две години, како и со други кривични дела.

Групата е обвинета и за трговија со дрога и за недозволено поседување оружје.

Сите осомничени се уште се во притвор.

Слични содржини