Пронајдени 319 стебла канабис во пехчевско (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Вчера (01.09.2022) во 11.30 часот во атар на с. Негрево, пехчевско, при обиколка на теренот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Пехчево при Регионалниот центар за гранични работи Исток пронашле 319 стебла на растението канабис.

Екипа на Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Берово извршила увид на местото и стеблата биле подигнати за понатамошна постапка. За случајот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање и расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини