Пронајдени десет мигранти од Пакистан во возило на автопатот Гевгелија-Скопје

од desk4

Полицијата вчера пронашла десет мигранти од Пакистан во патничко возило „БМВ X5“ со скопски регистарски ознаки на автопатот Гевгелија-Скопје, во близина на клучка „Прдејци“.

Како што соопштуваат од МВР, вчера околу 3:50 часот на автопатот Гевгелија-Скопје, во близина на клучка „Прдејци“, полициски службеници забележале патничко возило „БМВ X5“ со скопски регистарски ознаки, кое не застанало на знак за запирање. Полициските службеници со службено возило го стигнале наведеното возило и во него биле пронајдени десет мигранти од Пакистан кои биле пренесени во полициска станица за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини