Пронајдени експлозив и муниција во куќа во Прилеп

од Nikola Popovski

MВР соопшти дека по добиена судска наредба, денеска извршила претрес во дом и други простории кај 50-годишник од овој град, со иницијали Д.Р.

Како што информираат од полицијата, при претресот биле пронајдени и одземени пушка „црвена застава“ калибар 16 милиметри, пиштол од германско производство калибар 9 милиметри, 4 парчиња спорогоречки штапин за експлозив, детонаторска каписла број 8, 10 парчиња муниција со калибар 7,9 милиметри и 6 ловечки патрони, за кои не поседувал дозвола.

По целосно документирање на случајот против прилепчанецот ќе биде поднесена кривична пријава за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали.

Слични содржини