Пронајдени коски во дворот на Црква во Грачаница, се претпоставува дека се човечки

од desk2

Косовската полиција соопшти утрово дека во дворот на православна црква во селото Сушица, општина Грачаница, се пронајдени коски, за кои се претпоставува дека се човечки, јави дописникот на МИА од Приштина.

– На 21 јули, околу 14 часот и 10 минути, во село Сушица, општина Грачаница, при изведување работи во дворот на црквата, пронајдени се телесни останки, за кои се претпоставува дека се човечки коски, се наведува во соопштението на локалната полиција, кое го објави Радио Грачаница.

Откако е извршен увид од надлежни лица на местото на настанот, коските се однесени во Институтот за судска медицина во Приштина за натамошна анализа.

Слични содржини