Пронајдени остатоците од авионот кој исчезна на Камчатка

од Stefanija Kuzmanovska

Спасувачите го пронајдоа остатокот од авионот Ан-26, кој исчезна при слетувањето во Камчатка – на 4-5 километри од пистата, објави Руската федерална агенција за воздушен сообраќај (Росавијација).

Според прелиминарните податоци, загинале сите патници и членови на екипажот, изјавија за „Спутник“ од службата за итни случаи.

Претходно, пацифичката флота објави дека е одлучено авионот Ил-38 да трага по исчезнатиот Ан-26 до самрак.

Авионот Ан-26, кој летал од Петропавловск-Камчатски кон Палана, исчезнал од радарот во вторникот наутро, непосредно пред слетувањето, на 9 километри од селото Палана. Според ажурираните податоци, во авионот имало 28 лица: шест члена на екипажот и 22 патници, меѓу кои и едно дете.

Слични содржини