Пронајдени тела на две инфлуенсерки по потонување на јахта: Детали за страшната несреќа

од Nikola Popovski
136 прегледи

Телото на Алина Тамара (37) било пронајдено на плажа во Бразил, само неколку дена откако спасувачите го пронашле телото на нејзината пријателка Беатрис Таварес да Силва Фариа (27).

Потрагата по двете девојки траела од минатата недела, кога нивниот брод се превртел во разбрануваното море кај брегот на Сао Паоло.

Телото на Алина го пронашле спасувачите од Поморската противпожарна служба во петокот наутро.

Нејзината мајка со скршено срце изјавила за локалните медиуми дека разговарала со нејзината ќерка непосредно пред несреќата: „Мамо, одам со пријателка, одиме на брод и наскоро ќе се вратам дома“.

Алина објавила фотографии на социјалните мрежи на кои се гледаат неа и пријателите на луксузна јахта во близина на Сао Висенте на 29 септември, непосредно пред трагедијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aline Tamara (@liih_abencoada)

Ванеса Одри да Силва, Камила Алвес де Карваљо, Даниел Гонсалвес Фереира, Габриела Сантос Лима и Натан Кардосо Соарес да Силва, кои исто така биле на јатхата, биле спасени набргу по несреќата, пренесува „The Sun“.

Тамошните власти се уште истражуваат што точно ја предизвикало трагедијата, а преживеаната Камила Алвес (20) за локалните медиуми изјавила дека биле на роденденска забава на јахтата. Како што се приближувал крајот на прославата, сите присутни се поделиле во два помали чамци и се упатиле кон брегот.

Еден од помалите чамци – изнајмен глисер, наеднаш бил погоден од голем бран, поради што потонал.

Слични содржини