Пронајдено безживотно тело на улица во Скопје

од Nikola Popovski

Полицијата информира дека било пронајдено тело на починат маж на улица во Скопје.

-Вчера во 19.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Хаџи Јован Шишков” во Скопје бил пронајден починат М.Ф., од Скопје, соопшти МВР.

Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Слични содржини