Пронајдено мртво тело во бунар во битолско

од Nikola Popovski

МВР информира дека тело на мртов маж e пронајдено во бунар. Според информациите, станува збор за 55-годишниот Б.М. од с.Кукуречани, битолско.

-Во СВР Битола вчера е пријавено дека во бунар во селото Кукуречани е пронајдено телото на Б.М.(55) од истото село.  Територијалната противпожарна единица го извлекла телото, а по наредба на Јавен обвинител тоа е дадено на обдукција. Екипа на СВР Битола извршила увид на местото на настанот, велат од МВР.

Слични содржини