Пронајдено тело на починат маж во близина на депонија

од Nikola Popovski

Синоќа во 22 часот, во близина на неготинското село Дуброво, кај градската депонија Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово, пронашле тело на починато машко лице, на возраст од 25 до 35 години.

Според СВР Велес, лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител, телото било дадено на обдукција. Бил извршен увид на лице место.

Телото на починатиот е предадено на обдукција.

Слични содржини