Пронајдено тело на починат скопјанец во казино

од Nikola Popovski

ОД МВР соопштуваат дека починато лице било пронајдено во казино на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

„Вчера во 12.46 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека во казино на бул.„Партизански одреди“ има починато повозрасно лице, соопштија од МВР.

Од страна на Итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство“, велат од полицијата.

Извршен бил увид на место и бил известен Јавен обвинител и по негова наредба телото на починатото лице било пренесено во капела Бутел.

Слични содржини