Пропаѓа „Викторијас сикрет“? Луксузната долна облека сега е во ѓубре?

од Elena Daskalova

Откако беа откажани гала-ревиите на „Викторијас сикрет“, неизбежно беше прашањето дали брендот можеби пропаѓа или е во некаква криза.

После период полн со предизвици и откажувањето на годишната ревија за прв пат по 25 години, брендот „Викторијас Сикрет“ се продава за 1,1 милијарда долари, известуваат странските медиуми.

Компанијата „Л Брандс“ е блиску до договор за продавање на „Викторијас Сикрет“. Се очекува дека Лесли Х. Векснер ќе го отстапи своето место како извршен директор на „Л Брандс“, царството кое го изгради со купување на „Викторијас Сикрет“ во 1982 година, така што фирмата „Сикамор Партнерс“ ќе купи 55% од „Викторија Сикрет“.

Овие гласини беа „зачинети“ со податокот дека наводно се пронајдени стотици парчиња од луксузната долна облека во ѓубриште во близина на затворена подружница на „Викторијас сикрет“.

Слични содржини