Пропаѓање на здравствениот систем во Мјанмар: Доброволци ги собираат телата на починатите

од Stefanija Kuzmanovska

Поради рапидно растечкиот број на мртви од коронавирусот и пропаѓањето на здравствениот систем во Мјанмар, волонтерите одат од куќа до куќа и ги собираат телата на починатите.

„Работиме без пауза“, го цитираа германските медиуми волонтерот Тан Тан Сое.

Секој ден, нејзиниот тим собира 30 до 40 тела на починати од коронавирус.

„Мислам дека ситуацијата е слична и со другите тимови“, додаде таа.

Бројот на новоинфицирани во Мјанмар драстично расте, а минатиот викенд беа регистрирани околу 5.000 нови случаи на инфекција.

Заради споредба, на почетокот на мај имало 50 новоинфицирани лица на ден.

Поради штрајкот, кој трае веќе неколку месеци, поради протестот против воениот удар во февруари, болниците се целосно празни.

Многу пациенти избегнуваат болници управувани од војската, од страв да не бидат поврзани со пучот.

За време на протестот беа уапсени многу здравствени работници, вклучително и шефот на кампањата за вакцинација.

Стотици здравствени работници се кријат за да избегнат апсење, па волонтерите се грижат за болните и ги носат телата на мртвите на кремирање.

Слични содржини