Просечната бруто-плата во јули изнесува 31. 812 денари

од Берта Китинска

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2022 година, во однос на јули 2021 година, изнесува 111.5.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (17.8 %), Стручни, научни и технички дејности

(17.5 %) и Уметност, забава и рекреација (16.3 %).

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (4.3 %), Рударство и вадење на камен (3.9 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3.9 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јули 2022 година, изнесува 31 812 денари.

Слични содржини